Заменик помошникот државен секретар во американскиот Стејт Департмент Брајан Хојт Ји денеска ќе престојува во посета на Република Македонија.хојт

Како што е најавено, заменик помошникот на државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД Хојт Ји, ќе биде примен од претседателот , Ѓорге Иванов а ќе има средби и со актерите на пржинскиот договор.

Американскиот висок дипломат  ќе има директни  средби со лидерите на власта и опозцијата и ќе направи  инспекција на исполнетото од договорот од Пржино, како дел од тимот на Викторија Нуланд која беше директно вклучена во пржинските преговори. ван хојте

Преговорите  од пржинскиот процес запнаа за медиумските реформи, како една од обврските  пред избори. Впечатокот е дека ништо не се случува и дека процесот е замрен, иако  според дипломатски извори зад сцената се прави напор дијалогот за медиумите да продолжи.

Дипломатски извори брифираат дека  дипломатите се мобилизирани , а амбасадорот на САД Џес Бејли деновиве имал и комуникација со дел од партиските претставници да се најде начин да се одблокираат медиумските преговори, но и да се поместат позиции. Други детали  нема за  евентуално нова иницијатива, а се очекува  и поголема мобилизација на организациите ма на медиумската заедница. Најспорно и понатаму останува составот на Агенцијата за медиуми и на МРТ. Истите извори тврдат дека дополнителен импулс на процесот очекуваат од пораките што денска   ќе стигнат од заменик помошникот државен секретар во Стејт Департментот на САД, Брајан Хојт Ји . Во медиумските преговори се враќа денеска  и медијаторот Питер Ванхојте кој  беше на дополнителни консулации во Брисел, и  како што самиот изјави дека очекува консултациите со партиите ќе продолжат.

 

Слични содржини