И Европа може да биде цел на Пјонгјанг

од desk2

Француската министерка за одбрана, Флоранс Парли, изјави дека и Европа, исто како и САД, би можела да биде целна балистичка ракета на Северна Кореја. Парли рекла дека со испалувањето на интерконтиненталната балистичка ракета, Пјонгјанг ја покажал својата расистичка сила.

„Европа исто како и САД сигурно е на дофат на тие ракети“, рекла француската министерка и додала дека главните градови во западна Европа би можеле да бидат цел на напад.

Парли оценила дека меѓународната заедница би требало да продолжи со санкциите кон Северна Кореја.
„Важно е цел свет да ги спроведе тие санкции, вклучително и Русија и Кина“, истакна Парли.

„Уверени сме дека резултатот од таа ситуација на екстремни тензии може да биде решен само по дипломатски пат. Пред да дојдеме до дијалог со Северна Кореја, мораме да создадеме рамнотежа на моќ“, рекла Парли.

Советот за безбедност при ОН одржа итна седница откако Северна Кореја соопшти дека вчера утрото успешно лансирала интерконтинентална балистичка ракета многу посилна од претходните, која може да понесе нуклеарни глави со голема тежина и да погоди цели на цело американско копно./Макфакс

Слични содржини