По масовниот протест на средношколците против реформите во средното образование, утре, на улица излегуваат и наставниците.

dostabesemolk1

Наставничкиот пленум најавува мирен протест утре напладе за, како што велат, враќање на довербата кон образовниот систем.

Наставниците од Министерството за образование и наука бараат укинување на наградите за екстерното тестирање, ревидирање на системот за професионален развој и укинување на државната матура.

Според нив треба да се воведе приемен испит на самите факултети, со цел избегнување на бројни недоследности и нерамноправен пристап на матурантите во делот на задолжителни и изборни предмети како дел од државната матура, како и укинување на инспекциските органи во образовниот систем, а јакнење на советодавни тела.

Слични содржини