И покрај пропустите, интензивно се работи на автопатот Кичево – Охрид

од Vladimir Zorba

И покрај неправилностите во проектната документација на автопатот Кичево-Охрид се работи со полна пареа. Околу 1400 работници на целата делница работат деноноќно со цел што побргу да финишираат активностите на одредени точки, а да започнат исправките на косините и усеците како најголема грешка во проектирањето, посочува ТВ24.

Пречки вели надзорот има на неколку точки а претежно се поради неизвршена експропријација на земјиштето, лошо проектирање, судирот на трасата со далноводи и отсуството на клучки. Поголем застој има во изградбата на еден вијадукт на втората траса кој почнал да се гради а веќе две години е ставен во фаза на мирување. Од почетокот до сега за автопатот потрошени се околу 226 милиони евра.

„Успеваме да работи ме добро и се надеваме пречките ќе бидат надминати.“ – вели Ангел Настов надзор на Автопат Кичево – Охрид.

„Во соработка со владата ќе постигнеме согласнот се да тече во најдобар ред.“ – вели Зоран Китанов директор ЈП Државни патишта.

Најинтензивно се работи на изградбата на големиот тунел, таму неуморно работат околу 280 работници на Синохидро во три смени, а останати се уште 1140 метри за пробивање. Застој во тој дел немало,а пречките кои се јавиле биле поради неизвршените геолошки испитувања.

„Со проектот беше предвидено трета и четврта класа на матерјал, а се појави и шест.“ вели Настов.

„Друг матерјал на земја се појавува каде се бушат тунелите и поради тоа целиот проект финансиски ќе биде оптеретен.“ – вели Зоран Китанов.

И покрај големите пропусти подизведувачите успеале да асфалтираат околу 8 км од делницата најголем дел во Општина Дебрца. Надзорот вели дека за асфалтирање ќе останат само оние делови каде пречките сеуште ги има, а во голем дел се поради недостигот на клучки. Со новиот проект се предвидени 9 нови.

„Повеќето клучки тука ќе бидат, 1 и 2 се Кнежино и Извор, а останатите седум ќе бидат на 3, 4, 5 поделница,“ – вели Настов.

Грешките во овој дел ќе изнесуваат дополнителни 33 милиони евра, поскапување ќе има и кај изградбата на големиот тунел, вијадуктот кај Добреноец и делот кај охридско Подмоље. Надзорот вели дека крајниот рок за изградба на автопатот ќе се знае кога ќе почне да се гради вијадуктот пред Кичево,а до тогаш има доста работа. Се очекува сегашните рокови да бидат продолжени со нов договор како и кај автопатот Миладиновце-Штип откако Владата на вчерашната седница одлучи да го прифати текстот на Анексот кон договорот за продолжување на роковите за изградба на оваа делница.

Слични содржини