Нов светски шампион во тешка категорија е Тајсон Фјури, кој во 12 рунди го совлада додегашниот владетел Владмир Кличко, нанесувајќи му го четвртиот пораз во кариерата.

klicko-i-fjuri-615x400

Првата рунда помина во тактичко надмудрување без некоја конкретна акција.

И втората рунда помина во истиот ритам како и првата. Фјури се бореше со спуштен гард, а едно време ги ставаше рацете од позади, кажувајќи дека Кличко ништо не му може. Но и Кличко не презема некоја акција. Кличко забележа неколку млаки удари во четвртата рунда.

Во петата рунда внесоа малку повеќе живост со по некој разменет удар, но и тоа беше далеку од вистински бокс. Тајсон Фјури водеше повеќе психолошка борба отколку физичка, провоцирајќи го Кличко да наседне и да нападне, но тоа не го виде од Украинецот

За разлика од претходните шест рунди гледавме малку поактивен бокс, при што понеколку удари со левицата Фјури му нанесе повреда на Кличко под левото око, однонсо на јаболчницата. Украинецот возврати со неколку удари, но Фјури провоцираше ствајќи ги рацете одпозади на газ. Британецот се обиде да ги искористи долгите раце во осмата рунда, сепак, повеќе завршуваа во клинч.

Во средината на деветата рунда зададе три прецизни удари со дената рака, а во последната минута и Фјури имаше мала серија, за на карјот Украинецот да зададе уште два удари. До таа рунда резултатот беше 86-86. И десетата рунда си ист интензитет.98-92 за Фјури.

Во едеинаесетата Рунда Тајсон зададе два силни аперкати на 22 секунди пред крајот кои го разнишаа Кличко и 107-101 за Фјури, при што се позабележлива беше повредата на десната аркада на Кличко.

Во сполседнара рунда и двајцата се трудеа да бидат во клинч отколку да се борат, Кличко имае една серија во средината на рундата и кон крајот на борбата уште една. До тој момент судиите му даваа предност на Фјури од 116-111 поени.

Слични содржини