Известувачот за Република Македонија од Европскиот парламент, Иво Вајгл, денеска во изјава за МИА истакна дека е бесен и разочаран од неуспешниот крај на 12-часовните разговори во Брисел за надминување на политичката криза во земјата и порача дека „тој еден што не бил подготвен за компромис, на крајот донел неуспех”.

вајгл

Вајгл смета дека сега, кога ЕУ се трга на страна, а на македонските политичари им останува да најдат решение на кризата, дека можеби ќе биде доцна за добивање на негативен извештај на Европската комисија без препорака за отворање на пристапните преговори на Македонија со ЕУ, по што би следела и слична резолуција на Европскиот парламент.

– Јас сум бесен и разочаран и не сакам да давам изјава на тој начин. Малку да размислам.Не сакам да кажам дека сум разочаран со вчерашниот дијалог, туку со резултатот на развојот на настаните со дијалогот. Се разбира, големо е разочарувањето од односот на некои политички актери, кои очигледно немаат чувство за евро-атлантската иднина на Република Македонија. Имено, и покрај заплашувањето од страна на некои европски политичари за блокирање на процесот на проширување на Европската унија, има голем интерес да и се даде на Македонија почеток на преговорите, сега е на патот нова препрека. Политички договор и демонстрација на единствена волја на македонските политичари е потребно и тие да направат се за државата да претендира кон ЕУ и почеток на преговори, посочува Вајгл.

На прашање да го посочи името на главниот виновник за неуспехот на вчерашните маратонски преговори,тој не сакаше да го соопшти неговото име.

– Премногу сум искусен за да давам изјава за поедини личности и политичари и тоа е работа на македонските политичари. Јас можам да говорам за интересот на Македонија и македонските политичари како целост и како целина, а со цел да успееме да излеземе од кризата. Па, дури ако и само еден од политичарите не е подготвен на компромисно решение, што беше случајот синоќа, сепак, на крајот резултатот е на штета на сите, а најмногу на државата. Да се вложат напори за компромисно решение е потребно и за негово постигнување, никогаш не е доцна. Но, времето истекува и дури кога ќе дојде до договор, мислам дека ќе биде доцна кога станува збор за конкретното прашање, а тоа е извештајот во октомври на Европската комисија и потоа Резолуцијата на Европскиот парламент во однос на носење на одлука за напредокот на Македонија во евроинтеграциите. Тука времето е ограничено и потребни се сите напори. ЕУ не им стои туку-така на располагање на македонските политичари. Тоа мораат да го разберат сите релевантни политичари во земјата во однос на целиот процес.Вчера, по завршувањето на разговорите, заклучивме дека дијалогот мора да продолжи. Решение има и мора да се договори, но сега е се до македонските полтичари, заврши Вајгл со порака.

Слични содржини