Ибрахимовиќ ќе игра на Светското првенство во Русија

од desk2

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ на својот профил на Твитер најави дека ќе игра на Светското фудбалско првенство во Русија, што ќе се одржи во текот на летото.


Триесет и шестгодишниот напаѓач на Лос Анџелес Галакси објави дека шансите за играње на Светското првенство се многу големи.

Ибрахимовиќ, кој има одиграно 116 натпревари и постигнато 62 гола за националниот тим на Шведска, објави повлекување од репрезентацијата на „трите круни“ по завршувањето на Европското првенство во 2016.
До неодамна Ибрахимовиќ се опоравуваше од тешка повреда на коленото, но откако премина во март од Манчестер Јунајтед во Л.А. Галакси поситгна три гола на три натпревари во МЛС лигата.

Слични содржини