Игор Спасов по вчерашното бегство се вратил и е во самица

од Vladimir Zorba

Осудениот специјалец од МВР Игор Спасов од раните утрински часови е во самица во затворот „Идризово“. Не се знае до кога ќе ја издржува оваа казнена мерка, велат од Управата за санкции, пишува „Сакам да кажам“.

 

 

Игор Спасов, осуден на казна затвор од 14 години и шест месеци за убиството на Мартин Нешковски вчера побегнал од затворот „Идризово“. Се вратил сам околу 2 часот по полноќ во алкохолизирана состојба, пишува Досие.

Спасов во текот на вчерашниот ден противзаконски бил пренесе во отворениот дел од затворот „Идризово“ од каде затворениците лесно можат да избегаат сами. Истрагата треба да  покаже кој го пренел Спасов во отворениот дел до затворот три години пред време. Спасов е класифициран во В3 затворен третман.

Слични содржини