Ирачките Курди не отстапуваат од референдумот за независност на 25 септември

од desk2

Ирачките Курди не отстапуваат од референдумот за независност закажан за 25 септември, покрај барањето на Соединетите Американски Држави САД, да го одложат, јави Reuters.


„Датумот е тој, 25 септември, нема никакви промени“, вели Хошијар Зебари, советник на регионалниот претседател на Курдистан, Масуд Барзани.

На овој начин тој го коментираше барањето кое го прати американскиот државен секретар Рекс Тилерсон.

САД сметаат дека референдумот ќе им го одврати вниманието од важните приоритети во Ирак, како што е борбата против терористичката организација Исламска држава.

Слични содржини