ИВЗ: Жителите на поплавените подрачја да соработуваат со АРМ и државните служби

од Vladimir Zorba

Исламската верска заедница (ИВЗ) во Република Македонија апелира жителите во поплавените подрачја да ја интензивираат соработката и да ги усогласат своите активности со сите релевантни државни структури, но и со невладините организации кои делуваат на тоа подрачје.

ivz

Од ИВЗ преку соопштение апелираат жителите на поплавените подрачја да соработуваат и со единиците на Армијата на РМ, како и со државните служби и да се приклучат во заедничките акции за чистење и дезинфектирање на се што е погодено од катастрофалните поплави.

– Потребно е да се издигнеме над евентуалните несогласувања и да мислиме на иднината на нашите деца. Тоа е најважната работа во моментот, истакнуваат од ИВЗ и посочуваат дека ќе бидат со жителите на поплавените подрачја се до целосното нормализирање на состојбата.

Слични содржини