Избирачкиот список кој е објавен на апликацијата на веб страната на ДИК е резултат на методолошки обработените податоци добиени од службените евиденции на МВР, Управата за водење на матични книги и Основните судови, за државјаните на Република Македонија кои ги исполнуваат законските услови да се стекнат со избирачко право заклучно со 01.12.2015 година. Истакнуваме дека адресните податоци на граѓаните во Избирачкиот список се запишани како што се водат во евиденцијата за живеалиште на МВР, порачуваат од ДИК и велат уште сите да проверуваат и за себе и за другите.

Нашата случајна проверка на т.н владина или функционерска парламентарна  зграда на ул Стале Попов број 9,  утврдивме дека само во еден стан бр 58 ,има регистрирано 28 гласачи.  Несекојдневно е што токму во оваа зграда освен други  функционери  живее и министерот за внатрешни од владеачката ВМРО ДПМНЕ, односно сега технички заменик министер  Митко  Чавков. Списокот со имињата сместени  или запишани во еден стан изгледа вака:strana 2 (1)strana 1 (1)strana 3 (1)

Ако не е грешка на системот , тогаш на овој список според нашата анализа се веројатно граѓани , оние како што ги нарекуваат „човечињата“ од Пустец.  Вака изгледа дел од списокот на првиот влез на граѓаните од ул Стале Попов број 9.

спп

Еден човек регистриран во американската амбасада, регистрирани во поранешни полициски  интернати, во напуштени куќи, улици без броеви, во  вашата дневна и спална,  луќе кои не ги познавате…а што треба повеќе за да овој список се прогласи за лажиран и неупотреблив.

Граѓанската контрола на Избирачкиот список е составен дел од проверката на Избирачкиот список, а податоците од граѓаните се од суштинско значење за ажурирање на Избирачкиот список. Граѓаните имаат право да ги пријавуваат сомнителните случаи и да поднесуваат барања за запишување, дополнување и бришење на податоци од Избирачкиот список, со приложување на соодветна документација, порачуваат од ДИК.

ДИК: Граѓаните да пријават сомнителни податоци во Избирачкиот список

ОК,  добра  е насока но дали ќе дојдеме до решение или  само костатирање на проблемот. Можеби понудата за активна регистрација за избирачкиот список ќе беше најсигурна, сега со вкрстувањето на базите ќе  го добиеме само доказот. Ќе знаеме  дека ова е напумпано и партиски злоупотребено и дека имаме ете и нелегитма власт, претседател на држава! Но како да се расчисти и колку време ќе треба за добиеме прочистен избирачки список, кредибилни и легитимни претставници на народот,  до добиеме вистинска власт која е избор не на една партизирана бизнис структура туку претсавници  на граѓаните и за граѓаните ? Ете за народот тоа така нели попатриотски звучи!

Слични содржини