Извлечени двојките за баражот за СП: Хрватите и Грците во балканско дерби

од desk2

Италијанците со години беа миленици на среќата, но сега таа одамна им го заврте грбот. Најпрво ги смести во група со Шпанците (и со Македонија), па завршија како второпласирани, а потоа Италијанците го добија и најтешкиот ривал во баражот за пласман на следното Светско првенство.

Четирикратниот светски шампион, патот до Мундијалот во Русија ќе го бара преку Шведска, која беше едно од освежувањата во последните квалификации, па во конкуренција на Франција, Холандија и Бугарија заврши како второпласирана. Притоа, Швеѓаните играа атрактивен фудбал, поради што „Азурите“ нема да имаат нималку лесна задача во баражот. Единствено предноста е на нивна страна што ќе играат како домаќини во реваншот.

Што се однесува до останатите двојки, секако најинтересен ќе биде дуелот помеѓу Грција и Хрватска во балканското дерби.

Во преостанатите два дуели, Данците и Швајцарците важат за фаворити на хартија во однос на Република Ирска и Северна Ирска, која по пласманот на ЕП, покажа дека тоа не е случајност, па сега ќе има шанса да се пласира и на Мундијалот.

Двојки за баражот за СП:

Северна Ирска – Швајцарија
Хрватска – Грција
Данска – Република Ирска
Шведска – Италија.

Првите натпревари се на програмата од 9 до 11 ноември, а реваншите се од 12 до 14 истиот месец.

Слични содржини