Јаневски задоволен од учинокот на тимот во вториот дел

од desk2

Екипата на Вардар и на последното гостување од групата од Лига Европа претрпе пораз  „црвено-црните“ загубија 2:1 од руската екипа Зенит. Зенит на полувреме имаше водство од 2:0, а Вардар во последната минута преку Дејан Блажевски го намали водството на ривалот.

– Двете екипи одигравме добар натпревар. Очекувавме притисок на Зенит во првите 15 минути и наша цел беше да не примиме гол во тој период, иако тоа не се случи. Примениот гол не беше тешко да се одбрани. По пеналот за противникот што нашиот голман го одбрани, добивме позитивна енергија, но неиздржавме до крајот на првиот дел и примивме уште еден гол. Задоволен можам да бидам од второто полувреме во играта, во нападот и во ударите кон противничкиот гол и на моменти бевме подобри. Постигнавме и убав гол на крајот. Одигравме многу подобро од дуелот во Скопје, но не сум задоволен од крајниот резултат изјави на прес конференцијата по натпреварот тренерот на Вардар Чедомир Јаневски.

Последниот натпревар од групата Л Вардар на домашен терен ќе игра против норвешката екипа Розенборг.

Слични содржини