Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, наводно, веќе два часа е во Основниот суд Скопје 1, каде денеска треба да бидат сослушани четворица од осомничените во случајот „Тврдина“ што го отвори Специјалното јавно обвинителство. Никој не ја видел поранешната министерка за внатрешни работи како влегува во судот, но, според неофицијални информации, таа утрово дошла во судот на покана за сослушување.

Судија на претходна постапка денеска по сослушувањето, треба да донесе одлука по барањето на СЈО на осомничените да им бидат одредени мерки на претпазливост. На сослушувањето се присутни и обвинители од СЈО, кои пред судијата на претходна постапка треба да ги образложат причините поради кои бараат мерки на претпазливост за осомничените.

jankulovskagordana1

За второосомничениот, за четвртоосомничениот и за петтоосомничениот во „Тврдина“ е предложена мерка за забрана на напуштање на место на живеење и престојување, одземање на патната исправа и обврска да се јавуваат во судот, како и забрана за вршење определени работни активности кои се поврзани со извршување на кривичното дело, бидејќи лицата се сè уште во работен однос.

ДИК пред соопштување на одлуката -Да или НЕ на избори на 5 јуни!

 

За третоосомничената, поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, е побарано да ѝ бидат изречени мерки за претпазливост, одземање на патната исправа, јавување во судот и забрана за напуштање на живеалиштето.

Горан Грујовски и другите осомничени, Специјалното јавно обвинителство ги товари дека во текот на минатата година ги уништиле системите во МВР од нелегалното следење на комуникациите, вредни 10 милиони евра.

 

МЕТА

Слични содржини