104
Нов земјотрес во 14 часот, со јачина од 3.7 степени по Рихтеровата скала ја стресе Македонија.
Епицентарот на земјотресот е на пет километри од Ресен, а тој бил почувствуван и во Охрид. Земјотресот бил на длабочина од 10 километри од Јанковец.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичниот факултет во Скопје, ноќеска во 1:02 во југозападна Македонија објави дека е регистриран земјотрес со епицентар на 8 километри од Охрид на длабочина од 5 километри. Моќта на земјотресот, одреден од Евро-Медитеранскиот сеизмолошки центар, одговара на интензитет 3.3 степени. Синоќешниот земјотрес е проследен со други два потреси – по 106 минути, со интензитет од 2,4 степени. Потресите се почувствувани освен во Охрид, и во Струга и Ресен.