Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер денеска и порача на грчката Влада „да не претпоставува дека еврозоната едноставно ќе ги прифати сите ветувања кои премиер Алексис Ципрас им ги даде на грчките гласачи за укинување на економските реформи“.

Во изјавата пред разговорите со претставници на Социјалдемократската партија на Германија (СПД), помалиот партнер во коалицијата на Ангела Меркел, Јункер истакна дека Ципрас во вчерашниот говор во Атина „само делумно се осврна“ на загриженоста на Брисел за неговите планови.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, грчкиот премиер во вчерашниот говор ја отфрли можноста за какво било продолжување на меморандумот (програмата за спас), со што, според аналитичарите, „се постави себеси во колизија со своите партнери од ЕУ“.

Слични содржини