Човечкото тело е сложен систем. Како таков систем тогаш извршува голем број на функции кои нѐ штитат од надворешните закани, повреди и други непријатни последици. Погледнете некои од механизмите за безбедност на човечкото тело.d5e3cd4e43cd4e221c4042f2551ff347

Зевање

Општо земено зевањето е корисно за човечкото тело. Една од главните причини поради кои се зева е потребата за ладење на мозокот, најчесто кога сме преоптоварени. Кога сме активни, имаме недостаток на сон, преспани сме, чувствуваме психолошки стрес или напнатост, телото ни започнува заштитна реакција.

Со проѕевање ние вдишуваме поголемо количество воздух, мозокот се лади малку, се зголемува приливот на кислород во крвта и се опуштаат мускулите.

Кивање

Механизмот на кивање започнува во нашето тело во моментот во кој во носната шуплина се акумулираат премногу алергени, бактерии, прашина. Во овој момент има иритација на нервните завршетоци и кивањето помага да се ослободиме од сите овие стимули.

Честото кивање за подолг временски период може да сугерира дека човекот се наоѓа во непосредна близина на алерген.

Протегање

Протегањето исто е заштитен механизам на организмот, иако ние целосно го контролираме тој процес. Тоа е многу важно за функционирање на телото. Кога се протегаме, ние се подготвуваме за физичките активности, кои не чекаат во текот на денот. Тоа исто така ги загрева мускулите, ја подобрува циркулацијата и расположението.

Губење на меморијата

Во некои случаи амнезијата е реакција на мозокот кој ја брани нашата психа од траумите, кои сме ги преживеале. Во многу случаи жртви на насилство или луѓе кои поминале низ катастрофи ги забораваат најстрашните моменти.

Наежување кожата
Наежувањето најчесто е при нагли промени во температурата или под дејство на силни емоции.
Тоа е реакција на нашето тело, кога тоа се обидува и да се загрее. Оваа заштитна реакција е нарекувана уште “гускина кожа”. Во некои случај може да се должи и на состојба на стрес, парцијални напади и други.

Плач

Една од заштитните функции на слузницата на окото во контакт со туѓи тела е појавата на солзи. Но, солзите исто така се алатка и за емоционална заштита. Научниците сметаат дека во стресни ситуации, телото создава нов, многу моќен центар на иритација, кој има за цел да го одвлече нашето внимание од болката која ја чувствуваме.
Затоа се смета дека кога плачеме, ние ја приглушуваме болката.

Слични содржини