Познатата по католичките традиции Ирска изврши вистинска “социјална револуција” и стана првата во светот држава, која одобрила преку референдум истополови бракови, јави “Ројтерс”.

zx450y250_2539319

Повикувајќи се на изјави на министри и на противници на промената, Агенцијата истакнува дека според прелиминарните податоци веќе може да се тврди дека во сооднос две кон едно гласачко ливче го имаат признаено правото на лицата со хомосексуална ориентација да создаваат законски семејства.

Веста е импресивна и поради тоа што пред само две децении во Ирска беше декриминализирана хомосексуалноста. Земјата беше потресена пред време и од скандали за сексуална злоупотреба од католички свештеници против деца.

За промената најверојатно придонесе високата излезност во градовите каде што има повеќе толерантен однос по прашањето. Во главниот град Даблин, како и во Лимерик и Вотрфронт таа надмина 60%, а во уште 7 градови беше над 50%. Ова е рекорд за активност на референдум.

Официјалните резултати ќе бидат објавени подоцна денеска, но од секции во Даблин веќе има пораки за одобрување на хомосексуалните бракови со 75% и некои противници на законот го признаа поразот.

Слични содржини