Катругалос: Преговорите во ОН не треба да се потценуваат, туку да се освежат

од desk4

Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос смета дека преговорите во ОН имаат својата историја и дека не треба да се потценуваат, но оти е потребно освежување.

 Тој изјави оти е оптимист и смета дека во моментов постои прозорец на можност за решение, особено откако Македонија има промена на позиција, односно не ја следи радикалната националистичка политика од последните години.

– Нашите обиди се на сите полиња. Ги немаме само преговорите во ОН, имаме и директни преговори меѓу двете страни, додава алтернативниот министер за надворешни работи на Грција.

Слични содржини