Казбек Таисаев: Пјонгјанг подготвен за преговори, но со посредство на Русија

од desk2

Северна Кореја се самопрогласи за нуклеарна држава и не и треба признание од Западот како услов за преговори за решение на Корејскиот Полуостров, истакна шефот на делегацијата на руската Дума, Казбек Таисаев по враќањето од Пјонгјанг.

Тој нагласи дека Северна Кореја е подготвена за преговори, но со посредство на Русија.

– Ним не им е потребно признание од Западот. Северна Кореја одамне се смета себе си за нуклеарна држава. Освен тоа, откако го извршија најновото ракетно тестирање, на 29 ноември, тие веруваат дека ја достигнале еднаквоста со САД околу прашањето за нуклеарно вооружување, истакна координаторот на групата руски пратеници за односите со севернокорејскиот парламент и додаде дека Северна Кореја „не верува никому освен на Русија“./MIA

Слични содржини