Ким Карадшиан е на седмо небо, нејзиното семејство се зголеми за уште еден член

од desk4

Ким Карадшиан и Кание Вест станаа родители по трет пат. Славното семејство доби девојче, објави TMZ.

Бебето беше износено и родено од сурогат мајка. Идентитетот на жената остана во тајност, иако во неколку наврати ја бркаа папараците.

Според медиумот се уште не се знае каде се родило бебето – во Сан Диего, каде живее сурогат мајката, или во Лос Анџелес, каде што се родени другите две деца на риалити ѕвездата – 5-годишната Норт и 3-годишниот Сент.

Слични содржини