Ким Кардашијан се обвинува самата себеси за вооружениот напад

од desk2

Ким Кардашијан наводно се обвинува самата себеси за вооружениот напад што се случи во понеделник изутрината во Париз, по кој таа беше оставена врзана во купатило откако молела за нејзиниот живот. Колку и да е тажен инцидентот сепак тоа не претставува изненадување. Taa не е единствената личност што мисли така, сметајќи го фактот што повеќето корисници на твитер како и познатиот моден дизајнер Карл Лагерфелд, мислат дека целата оваа ситуација е грешка на Ким бидејќи таа цело време се фали со нејзиното богатство.14547700_755951954553196_3754449905226088448_n

“Ким е шокирана и се чувствува дека самата е виновна. Таа не може да престане да се окривува себеси, затоа што го покажуваше дијамансткиот прстен на социјалните мрежи и го носеше цело време. Овој инцидент предизвика таа да се запраша за се. Како се облекува, што прави.” изворите пренесуваат за “People”.kim-kardashian-kanye-west-690950a1-fe37-4554-b9d6-c2eaf6ea9c50

Ким исто така го одбила Канје, кога тој се понудил повторно да и купи таков прстен.

“Канје сака повторно да и купи ист таков прстен, меѓутоа таа вели дека не сака повеќе да размислува за тоа. Додека тој вели дека сака се да се врати назад во нормала и инцидентот повеќе да нема влијание на нивните животи.” додава изворот.

Слични содржини