Кое е прашањето на каталонскиот референдум? Полицијата заплени над 10 милиони гласачки ливчиња

од desk3
“Дали сакате Каталонија да стане независна држава со републиканска форма на влада?” Ова е  прашањето на анкетата за незасвисна Каталонија. 

Не е јасно дали властите во Каталонија ќе можат да обезбедат доволно гласачки ливчиња за гласањето утре наутро. Шпанската полиција веќе заплени повеќе од 10 милиони гласачки ливчиња, а денес полицијата запечати половина од училиштата со гласачки секции. Другиот дел од училиштата се окупирани од студенти и активисти, но полицијата им дала ултиматум да ги напушат до утре во 6 часот наутро – три часа пред почетокот на гласањето.

 

Енрике Мијо, највисокиот претставник на централните власти во регионот, коментира, цитиран од “Асошиетед прес” дека централните власти нема да пречат на неофицијалното гласања по улиците на каталонските населени места, бидејќи тоа нема да се смета за валидно гласање. “Тие секогаш можат привремено да стават маса на улицата со некакви кофи и да пуштаат хартии внатре”, изјави тој и потсети дека  “ефективен референдум, со законска основа и задолжителна сила”, нема да се одржи.

Меѓутоа, локалните поддржувачи на власт се надеваат на барем еден милион гласови на гласањето утре. Каталонските сепаратистички лидери тврдат дека очекуваат два милиони жители на ентитетот да гласаат  за нејзиното одвојување од Шпанија.

Слични содржини