IMG_0115„Колку повеќе политички кујни, толку повеќе гладни“, „До кога политичарите ќе живеат идеално, а работниците криминално“ беа дел од транспарентите на денешниот прво мајски марш,организиран од голем број на синдикати и организациски членки на Повелбата за солидарност.

IMG_0122
Демонстрантите извикуваа  се собраа кај Југодрво и тргнаа на протест за социјална правда и работнички права ,преку собранието и Министерството за труд и социјална политика завршувајќи кај Владата.IMG_0123



Граѓаните и синдикатите тврдат дека сиромаштијата е повисока од кога било, работничките права се кршат секојдневно, невработените се бришат од евиденција наместо да им се најде работа и класните разлики се највисоки во Европа.

IMG_0128

Според синдикалците, изминатата година најмногу на удар биле вработените во јавниот сектор, особено во администрацијата, на кои им се наметнале бројни нови правила за полесна контрола и за полесно отпуштање на неподобните. Тие посочуваат дека и хонорарните работници се изложени на осиромашување поради наметнатата обврска да плаќаат придонеси за хонорарите, а на вработените во образованието фактички им е укинато правото да штрајкуваат преку легализирањето на штрајкбрехерството.

IMG_0129

Слични содржини