Комисијата за политички систем треба да ја продолжи расправата по Извештајот на СЈО: Јанева не доаѓа

од Vladimir Zorba

katica-janeva1-46044

Во Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците денеска треба да продолжи расправата по Извештајот за работата на Специјалното јавно обвинителство.

Седницата вчера беше прекината поради немање деловнички можности за работа, откако специјалната јавна обвинителка Катица Jанева ја напушти седницата на Комисијата и најави дека ќе дојде само на Пленарната седница на која ќе биде разгледуван Извештајот за работата на СЈО.

Јанева рече дека не се враќа повеќе на седницата, бидејќи пратениците и прават класичен мобинг.

Комисиската расправа за Извештајот на СЈО почна во средата минатата недела.

На дневен ред на Комисијата е и Годишниот извештај за работата на Јавните обвинителства во Република Македонија за 2015 година.

Слични содржини