Оние кои имаат црни точки на лицето, веројатно користеле какви ли не методи за да се ослободат од нив. Колку сепак би си помислиле дека конецот за заби, исто така може да биде ефективен за оваа намена? Па, излегува дека тоа е новата мода во Instagram.

Сè што треба да направиме е да поставиме топла крпа врз кожата на лицето во текот на пет минути за да се отворат порите. Потоа треба само да притиснеме со конецот за заби на местата на кои има црни точки.

Потоа лицето се чисти со меко средство, а конечно кожата треба да се хидрира.

Иако употребата на конец за заби за отстранување на црни точки се смета за безбедна, сепак треба да се увериме дека не притискаме многу силно. Ако црните точки не излегуваат и притисокот се зголеми или користиме нешто остро, тоа може да доведе до воспаление и повреди на кожата, кои кријат ризик и од лузни.Пред сè е препорачливо да имаме предвид и некои мерки за да спречат појава на црните точки.

Салицилната киселина

Ако не сакаме да дадеме шанса на конецот за заби, би можеле да пробаме со средства за чистење кои содржат салицилна киселина, како и стружење. На овој начин може и да се спречи појавата на црни точки.

Така не само што се отстрануваат мртвите клетки од површината на кожата, но се бришат и вишокот на масти.

Правилна исхрана

Препорачливо е да се консумираат многу свежо овошје и зеленолистен зеленчук. Покрај тоа, треба да пиеме и многу вода, – барем по 2 литри дневно. Така организмот се детоксицира и кожата се чисти.