Кошмарот за Анџелина Џоли и Бред Пит продолжува!

од Vladimir Zorba

Францускиот суд ја осуди компанијата, која управува со имотот на Анџелина Џоли и Бред Пит во јужниот дел на Франција и притоа треба да плати над половина милион евра на француската дизајнерка и сликарка, која работла на инсталација на осветлувањето на замокот..

Друштвото на Браџелина “Шато Миравел” се грижеше за истоимениот имот во јужна Франција, кој беше купен од ѕвездената двојка во 2008 година.

Во раскошниот дворец за холивудските ѕвезди Оди Судан правела своие светлосни инсталации, по што не била наградена.

Според нејзини зборови Бред Пит ја довел до банкрот и ја присвоил нејзината работа. Анџелина и Бред изјавија во месец март, дека и покрај нивната разделба, тие немаат намера да го продаваат француското имот во кој се одржа нивната венчавка во 2014 година.

Слични содржини