Кремљ реагира на распоредувањето на балистички ракети на Кина крај руските граници

од Vladimir Zorba

Според регионите на базираните ракети нивните цели се во САД.


Распоредувањето на кинески интерконтинентални балистички проектили “Дунфон-41” (DF-41) не претставува закана за Русија, бидејќи нивните приоритетни цели се наоѓаат на територијата на САД, а Источен Сибир и Далечниот Исток се наоѓаат во “мртва зона”, недостапна за пораз, велат експерти за РИА Новости.
Тие објаснуваат дека ракетата “Дунфън” (Источен ветер) е три-степена ракета, таа треба да добие инструкции – одреден режим на движење, потоа да го стабилизира и затоа оваа “мртва зона” може да достигне 3.000 километри и повеќе.
Ако Кина сака да го порази цели на територијата на Русија, за тоа треба да ги распореди повеќе јужно или од зафатениот веќе регион да користи ракети со помал радиус на дејство.

Експертите ја коментираат публикацијата на хонконгшкиот весник “Пинг жибао”, кој тврди дека една од трите кинески бригади со ракети DF-41 се наоѓа во пограничната обласат со Русија, североисточна провинција Хијлундзјан.

За распоредување на ракетите крај руските граници прво напиша весник Global Times, на пример на околу 600 километри од космодромот “Восточниј”.

Според податоците на хонконгшкиот весник Apple Daily, една од бригадите веќе се наоѓа во близина на градот Сината во централната провинција Хенан, втората најверојатно е крај градот Даци во провинцијата Хијлундзјан, а третата се очекува да се појави во Ксинџијанг-ујгурски регион.

Медиумите сметаат дека сликите на DF-41 се објавени намерно како реакција на Пекинг на изјавите на Доналд Трамп за Кина.

DF-41 е тврдогоривна интерконтинентална ракета од нов модел. Според нејзините карактеристики одговара на советските ракети од 80-тите години. Далечината на акција е до 12 илјади километри е ориентирана за цели на територијата на САД, што е разбирливо со изјавите на Доналд Трамп дека Кина е главен непријател на САД.

Масата на ракетата е 80 тони, долга е 21 метри, најверојатно е носител на Термонуклеарниот боен полнеж.

На 5 декември 2015 година Кина изврши доказен тест на ваква верзија на ракетата, слично на советскиот проект “Молодец” и на сегашниот “Баргузин”.

Во април 2016 година Кина го изврши 7-то тест на ракета DF-41 со две фиктивни боеви глави на Јужното Кинеско Море.

Слични содржини