Курдската тајна служба: Водачот на ИД Абу Бакр ал-Багдади 99 отсто е жив

од desk2

Лахур Талабани, директорот на Анијари, една од двете курдски тајни служби во Ирак, изјави за Ројтерс дека 99 отсто е сигурен дека водачот на Исламска држава Абу Бакр ал-Багдади е жив и е лоциран јужно од сирискиот град Рака оркако беше објавено дека е убиен.

„Багдади дефинитивно е жив, имаме информација и веруваме дека 99 отсто е жив. Немојте да заборавите дека неговите корени потекнуваат од Ал Каеда од Ирак. Се криел од безбедносните служби, зне што работи“, вели Талабани.

Ирачките безбедносни сили го завршија тригодишното владеење на ИД во ирачкиот град Мосул, а терористичката група е под голем притисок во Рака.  Талабани вели дека ИД ја менуваше тактиката покрај  нискиот морал меѓу припадниците и дека се потребни три или четири години за нивно елиминирање.

„ИД по поразот почна побуна која беше слична на Ал Каеда на стероиди“, вели Талабани.

Се очекува дека лидерите на ИД во иднина ќе бидат разузнавачи кои служеле под диктатурата на Садам Хуесин.

Слични содржини