Лестер кон Рома: Дајте 50 милиони и Марез е ваш

од desk3

Англискиот фудбалски клуб Лестер постави цена од 50 милиони фунти за Ријад Марез. Сериозен интерес кон алжирскиот плејмејкер покажува Рома кои понудија 29 милиони фунти за играчот, но понудата беше одбиена.

Претставници на римскиот клуб разговарале со агентот на напаѓачот, кој изјавил дека фудбалерот сака да го смени тимот. Италијанците подготвуваат нова подобрена понуда која сепак нема да надмине 35 милиони фунти.

Минатата сезона Марез запиша 10 гола и 5 асистенции во 48 натпревари, а една година порано беше клучна фигура во освојувањето на титулата во Премиер лигата со Лестер.

Слични содржини