Лидерот на АБВ Георги Прванов и некогашен претседател на Бугарија, објави од Москва дека земјата не треба да дозволи да биде претворена во заложник на западните регионални “јастреби”, кои се обидуваат да ја користат против Русија.

Поранешниот претседател е гостин на конгресот на “Единствена Русија”. На тркалезната маса, дел од форумот, тој објасни дека за него дилемата на Бугарија “Европа или Русија” отсекогаш била измислена.

0000307040-article2

“Во првата деценија на сегашниот век, веднаш откако Бугарија стана членка на Европската унија и НАТО, односите со Русија беа најактивни и плодни и успеавме заедно со претседателот Путин да постигнеме важни договори во интерес на двете земји”, рече Парванов.

Тој објасни дека Бугарија треба да е лојален член на ЕУ, но и да го брани своето право да зазема специфична позиција во односите со Руската Федерација.

“Должни сме да станеме дел од политичките и дипломатските напори за решавање на конфликтите и проблемите”, рече водачот на АБВ.

Тој објасни дека неговите другари, но и повеќето Бугари, ги отфрлаат санкциите против Русија.

“Секогаш сме тврделе дека санкциите се не само непродуктивни, тие се штетни како инструмент на меѓународните односи”, рече уште Прванов.

Според него од нив страдале не владите, туку народите и особено бизнисот.

Велика Британија по “Брекзит”: Кој ќе седне во фотелјата на Камерон?

Во изјавата Прванов истакна и потребата од исклучување на војната од арсеналот на меѓународната политика и зајакнување на системот за меѓународна безбедност, во чиј центар стои ОН.

Лидерот на АБВ изрази верување дека современата архитектура за безбедност не може да се гради без и против Русија и повика на укинување на санкциите против Руската федерација.

Прванов ја прокоментира и ситуацијата во Југоисточна Европа и особено во областа на енергетиката. Тој се заложи за продолжување на дијалогот по големите енергетски проекти за испорака на енергија и ресурси и иднината на нуклеарната енергија.

Прванов беше Претседател на Бугарија од 2002 до 2012 год. и за време на неговиот мандат земјата с еприклучи кон НАТО и ЕУ.

Слични содржини