Нема никакви проверки за најспорните 124 027 галсачи за кои имaше сомнеж дека се иселени.Членовите на ДИK, без претставниците на СДСМ, Игор Милев и Виолета Дума, решија дека тие имаат гласачко право и не се сомнителни.  Милев и Дума ниту гласаа, ниту присуствуваа за оваа точка на вечерашната седница.

 dik_sednica_0_0-1-670x379

По шестчасовна седница, Државната изборна комисија одлучи да се изврши теренска проверка ама само на  100 440 спорни гласачи.  Дополнително, 62 837 лица најпрвин административно ќе се проверуваат, па потоа за дел од нив ако треба и и теренски,

Админстративно ќе се чешлаат 35 859, додека пак 7 345 ќе бидат предмет на друга седница.

Несогласувањето на СДСМ е со тоа што нема никакви проверки за најспорните 124 027 гласачи за кои имаше сомнеж дека се иселени. Членовите на ДИК, без претставниците на СДСМ, Игор Милев и Виолета Дума кои ја напуштија седницата, решија  и изгласаа дека тие имаат гласачко право и не се сомнителни.

74.000 гласачи заведени во Избирачкиот список никогаш не се појавиле во базите на десетте државни институции што биле предмет на обработка на експертската комисија што ги вкрстуваше податоците, пренесува порталот Сакам да кажам, повикувајќи се на неофицијали извори во ДИК кои го имаат видено извештајот на експертската комисија за вкрстување на податоците од Избирачкиот список. Во тие десет бази во последните 9 месеци не се заведени и 124.000 имиња кои фигурираат на Избирачкиот список, вели истиот извор

Во официјалниот Извештај на ДИК има 330.538 гласачи кои се сметаат за сомнителни, но постои можност некои од гласачите да се поклопуваат и бројката да е помала.

.Заев и Груевски претходно со изјави со крајно спротиставени ставови.гријо заев

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски фантомски гласачи немало, нема, ниту ќе има.

„СДСМ се пред пораз. Покрај толку валкани работи за да дојдат на власт сфатија дека се прочитани, и дека ќе бидат поразени како во 2014 година. Сакаат да создадат алиби, дека кој знае што се случува со списокот. Имаа 5 претседатели на ДИК кои немаа никаков проблем со тоа. Нивните членови го тероризираат ДИК со разни закани, дека ќе го напуштат, за да издејствуваат поголема бројка на граѓани кои ќе бидат проверени.

Ако реално треба 10.000 да се проверат, тие гледаат да бидат 100.000 или 500.000, ако може пак да ги одложат изборите, или ако одат на избори да им биде алиби дека имало 500.000 фантомски гласови. Ова многу ќе ги чини, ќе ги збудалат луѓето.Тоа се чесни луѓе кои гласаат согласно закон. Фантомски гласачи, немало, нема и ќе нема. Ова е најобична лакрдија на СДСМ. Ова е битка за оправдување на поразот“, вели Груевски.

Според првиот човек на СДСМ, Зоран Заев, теренска проверка мора да има, а изборите ќе може да се одржат по прочистување на Избирачкиот список и реформи во медиумите.

-Ова е моментот на ставање на темелите на иднината на нашата земја. Ако има прочистен избирачки список и реформи во медиумите на 5-ти јуни ќе се случат промените. Ако не, штом има прочистен избирачки список и реформи во медиумите, тогаш ќе се случат изборите, рече Заев.

Слични содржини