Мајка психички малтретирала син

од desk2

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело ,,загрозување на сигурноста“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 56-годишна жителка од Охрид.

Илустрација

Пријавената, во подолг временски период, во семејната куќа го вознемирувала, го заклучувала и не му дозволувала слободно движење низ заедничките семејни простории на нејзиниот 34-годишен син.

Таа му упатувала сериозни закани и ја загрозувала неговата сигурност со што му предизвикала чувство на страв и несигурност, го малтретирала оштетениот и му упатувала низа навредливи и заканувачки зборови.

Поради тоа, на сега оштетениот значително му се влошила здравствената состојба и често барал лекарска помош во Општа болница Охрид.

Слични содржини