Македонија го совлада Косово во претквалификациите

од desk2

Македонската кошаркарска репрезентација конечно дојде до победа во претквалификациите за Светското првенство, откако на домашен терен во СЦ „Борис Трајковски“ славеше над Косово со 87:74.

Македонија успеа да се реваншира за поразот во Приштина и покажа дека е поквалитетен противник од Косово, но за селекторот Јорданчо Давитков има многу работа. Нашата репрезентација покажа неколку лица во својата игра, повторно имаше подеми и падови, а Косово имаше водство на полувремето од 40:41.

Косово ја доби првата четвртина со 22:19 и тоа откако Македонија имаше водство во поголемиот дел од мечот.

Во втората четвртина Македонија успеа да возврати и да ја добие истата во своја полза со 21:19, но тоа не беше доволно да се избегне негативата на полувремето.

Во второто полувреме Македонија прикажа сосема поинава и подобра игра. Третата четвртина беше клучна на натпреварот, која нашите репрезентативци ја добија со десет поени разлика, односно 23:13, водејќи од почетокот од крајот во текот на целиот трет период, со што се вратија во предност на натпреварот.

Последната четвртина продолжи доминацијата на нашата репрезентација, која, освен на почетокот на последната делница, не водеше со помалку од осум поени разлика. На крајот, Македонија до дојде до победа од високи 13 поени разлика, односно 87:74.

Најефикасни во нашите редови вечерва беа Костоски со 16 поени, следуваше капитенот Стојановски со 14 поени, Младеновски додаде 12, а најдобар беше Теодор со 24 поени./Спорт клуб

Слични содржини