Макрон сака францускиот багет да биде заштитен од УНЕСКО

од desk2

Претседателот на Франција Емануел Макрон смета дека францускиот леб багет треба да биде на листата на светско културно наследство на УНЕСКО.

„Багетот предизвикува зависност во целиот свет“, вели Макрон, поддржувајќи ги националните пекарници.

Целта на УНЕСКО е да ја спаси традицијата од глобализација, а нивниот Одбор за заштита на нематеријални културни наследства се состанува секоја година за да ги процени номинациите од целиот свет. На идејата за сместување на францускиот багет на оваа листа пекарите дојдоа откако на листата беше ставена пицата од Неапол.

Француските пекари велат дека не само името и обликот, туку и рецептот и состојките треба да се зачуваат.

„Мора да ја сочуваме изворноста на багетот и нашата вештина. Затоа лебот багет треба да биде на листата на културно наследство на УНЕСКО“, рече Макрон по состанокот со група француски пекари.

Традиционалниот багет во Франција е заштитен со закон од 1993 година. За сите критериуми да бидат исполнети багетот мора да биде направен од само четири состојки: пченично брашно, вода, квасец и сол.

Тестото не смее да се смрзнува.

Слични содржини