Мандатарот Груевски во тесно

од Vladimir Zorba

Беса и Алијанса за Албанците најавија дека нема да преговараат со мандатарот, а единствено од ДУИ велат дека ќе разговараат. Експертите оценуваат дека Груевски има тесен простор за маневар при формирањето на владата, информира РСЕ.

Мал маневарски простор му останува на мандатарот Никола Груевски за составување на нова влада, оценуваат дел аналитичари. Единствените кои засега се изјаснија дека ќе влезат во комуникација со ВМРО-ДПМНЕ се ДУИ. Портпаролот на партијата Бујар Османи вели дека се уште не почнале преговори, а на прашањето дали ќе ја прифатат покана одговара кратко – ќе разговараме. Двете други страни, потписници на платформата, Алијансата за Албанците и Беса веднаш се изјаснија дека нема да преговараат со Груевски.

Според Беким Кадриу, професор на Правниот факултет на Тетовскиот универзитет, Груевски нема голема можност да формирање на влада и покрај тоа што би почнале преговори со ДУИ со кои заедно имаат 61 пратеник, точно колку за мнозинство. Кадриу смета дека Ахмети ќе инсистира на точките од заедничката платформа со Алијансата за Албанците и Беса и на крај преговорите нема да бидат успешни.

„Меѓутоа мислам дека точките од платформата не се суштинска причина поради која нема да одат со Груевски овој пат во составувањето на влада. Мислам дека тие имаат притисок од една страна од самите граѓани кои го кажаа својот став за политиките на Груевски и второ и во самата партија на Ахмети не е се така мирно како што изгледа од надвор“, вели Кадриу.

Тесниот простор за формирање владино мнозинство го приморува мандатарот да го смета буквално на секој пратеник, бидејќи сите се важни за тенкото мнозинство, оценуваат упатените.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини