Марулата е богата со железо и калиум

од Vladimir Zorba

Марулата содржи околу 95 проценти вода, многу малку калории, а хранливата вредност се состои од изобилство на минерали и витамини. Од минерали ги содржи калциум и железо, како и значителни количини на магнезиум, јод, манган, кобалт, никел, силициум и бакар.

Меѓу витамините најприсутни се витаминот C и E, каротин и комплекс од витаминот Б.
Највредната лековитз состојка во марулата е млечниот сок, кој го содржи таканаречениот лактикариум. Најмногу го има во коренот на марулата, лиснатите ребра и младите стебла. Оваа состојка ја ублажува болката, нервната напнатост и обезбедува мирен и спокоен сон.

Слични содржини