Скопје на нозе! Маса народ ги чека ракометните шампиони на плоштадот „Македонија“

од desk2

Ракометарите на европскиот шампион Вардар во секој момент се очекува да пристигнат на плоштадот „Македонија“ во Скопје, каде илјадници луѓе од сите градови на земјава ги чекаат да го прослават нивниот успех, освојувањето на трофејот од Лигата на шампионите.


Тие пред час и половина пристигнаа на аеродромот „Александар Македонски“ во Скоипје, каде беа пречекани од нивните фанови.
Од таму се упатија со панорамски автобус кон плоштадот „Македонија“ во Скопје, каде е подготвена сцена за нивни пречек.


Ракометартите на себе го носат златниот медал, а во рацете пехарот и македонското знаме.
Пречекот го организира Град Скопје, а за достоен пречек имаше организирано бесплатен превоз од ЈСП Скопје за сите фанови на клубот.


На плоштадот покрај фонтаната млади луѓе распослале и огромно знаме на Македонија, но она старато неофицијално познато како знамето од Куклиш.

Ракометарите на Вардар пред два дена во финалето на Лигата на шампиони кое се одржуваше во Келн, Германија, ја совлада екипата на Пари Сен Жермен, со еден гол разлика.

Слични содржини