Маж паднал од браната на прилепското езеро и починал

од desk2

Оператор на браната на вештачкото езеро во Прилеп вчера околу 19:40 часот пријавил дека лицето Т.П. (42) од Прилеп, движејќи се по ѕидот од браната, изгубил рамнотежа, паднал од браната и удрил на карпа.


На местото на настанот излегла екипи на Итна медицинска помош и на полициската станица Прилеп, при што е констатирана смрт без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на семејството за погреб.

Слични содржини