Меџити: Го подржуваме СЈО, правната држава е демократска вредност

од Vladimir Zorba

„Општина Чаир ја поддржува работата на Специјалното јавно обвинителство, правната држава е вредност на демократијата“ – вели Изет Меџити, градоначалник на општина Чаир за порталот на албански јазик „Журнал“, по веста дека СЈО влегло во општината.

Во врска со спорниот објект кој се наоѓа во близина на Амбасадата на САД во Скопје за кој се слушна и од „бомбите“ на Заев дека е спорен објект односно дивоградба и за кој можно е да е заинтересирано и СЈО, од општина Чаир информират дека тој објект не е во нивна надлежност бидејќи за истиот се води судски спор.

– СЈО прати еден преставник во нашата општина и истиот беше детално информиран за процедурите на овој објект кој не е во надлежност на општината бидејќи се води судска постапка – велат од општина Чаир за Журнал.

Слични содржини