Меѓународната заедница ја гледа Македонија во ЕУ и НАТО

од Vladimir Zorba

Местото на Македонија е во НАТО и се надеваме дека наскоро ќе дојде денот кога ќе и посакаме добредојде на вашата земја во алијансата . Со оваа порака канатскиот премиер Џастин Трудо во своето писмо му го честита изборот за претседател на новата влада на премиерот Зоран Заев, информира ТВ24.

Осврнувајќи се на актуелните политички случувања во писмото до Заев тој наведува:

„Сигурен сум дека ќе продолжите да ја водите успешно вашата земја со чест и одговорност достојни на поддршката на народот на вашата земја кон светла иднина заснована на најавените реформи на европските аспирации и на заложбите за регионална стабилност.“

Пораки со слична содржина денеска по средбата со министерката за одбрана радмила Шеќеринска упати и командантот на Националната гарда на Вермонт (САД) Стивен Креј кој порача дека Членството на Македонија во НАТО е заедничка цел.

„Во текот на мојата официјална посета, планирам детално да разговараме за активностите за следните години и ангажманите меѓу Вермон и Македонија, за членство во НАТО.“ – изјави Стивен Креј – Командантот на Националната гарда на Вермонт.

„Македонија смета на своите стратешки партнери, особено сега кога забрзано работиме за нашата главна цел. Македонија како членка на НАТО.“ – изјави Радмила Шеќеринска Министер за одбрана.

Евроинтегративните и евроатланските проеси се тема на дискусија и Во Обединетото кралство каде денеска во Лондон Министерот за надворешни работи Никола Димитров и британскиот министер за Европа Алан Данкан потпишаа заедничка изјава за партнерство и соработка меѓу  Македонија и Велика Британија и Северна Ирска.

„Нашите две земји се посветени да работат билатерално и мултилатерално за да се исполни оваа визија и да се справиме со предизвиците со кои заеднички се соочуваме“, стои во заедничката изјава.

Се позачестените аларми од меѓународната заедница за интегративни процеси на земјата предизвикуваат нервоза и кај грчката опозиција која испрати писмо до министерот за надворешни работи Коѕијас прашувајќи го како ги коментира изјавите на Заев и Димитров за влез на Македонија во НАТО и ЕУ под привремената референца и дали се променети иредентистичките позиции на Грција ./извор ТВ24

Слични содржини