Фудбалерите на Барселона остварија гостинска победа од 2:0 во првиот дуел од осминафиналето од Лигата на шампионите против Арсенал во Лондон.месии

Тие синоќа со двата гола на Лионел Меси обезбедија солидна предност во пресрет на реваншот што ќе го играат на домашен терен. Меси головите ги постигна во 71.минута во во 83.минута од пенал.

На вториот натпревар одигран синоќа во Торино Јувентус и Баерн одиграа нерешено 2:2. Гостите од Германија водеа со 2:0 со головите на Томас Милер во 43.та минута и на Арјен Робен во 55.минута. Јувентус изедначи преку Пауло Дибала во 63.минута и Стефано Стураро во 76.минута.

Вечерва се играат последните два осминафинални дуела:
Динамо Киев – Манчестер Сити и
ПСВ Ајндховен – Атлетико Мадрид.

На натпреварите претходно одиграни:
Бенфика – Зенит 1:0,
ПСЖ – Челзи 2:1,
Гент – Волфсбург 2:3 и
Рома – Реал Мадрид 0:2./МИА

 

Слични содржини