Милијардерот Ворен Бафет штеди пари од …

од Vladimir Zorba

Богатството му се проценува на 65,5 милијарди долари


Ворен Бафет – еден од најбогатите луѓе во светот, штеди од закуски во McDonald’s во деновите кога берзата е во пад. Тоа го признава легендарниот инвеститор во Трејлер на документарниот филм “Да станеш Ворен Бафет”, кој ќе се емитува на HBO на 30 јануари, пренесе електронското издание Лента.ру
“Макмфин со сланина, јајце и сирење чини 3,17 долари. Ако сепак пазарот започне со минус, сакам сендвич за 2,95 долари”, раскажува Бафет.

Во ноември 2016 година телевизија Си-Ен-Би-Си соопшти дека богатството на Бафет е зголемено за 11 милијарди долари по победата на републиканскиот кандидат Доналд Трамп во претседателските избори во САД.

“Форбс” проценува дека неговата состојба на 65,5 милијарди долари. По богатство Бафет отстапува само на основачот на Microsoft, Бил Гејтс и на шефот на Amazon Џеф Безос.

Слични содржини