Мисијата на Мајк Пенс во Европа: Да се разјаснат позициите на Трамп

од desk2

Потпретседателот на САД Мајк Пенс се среќава со европските сојузници кои бараат јасност за надворешно политичката стратегија на владата на Трамп и неговата позиција кон Русија по оставката на главниот советник на Белата куќа за национална безбедност.

Пенс, кој повеќе ги почитува православнитерепубликански ставови, отколку претседателот Доналд Трамп, учествува во Минхенската конференција за безбедност (која започа денес) и ќе го посети Брисел.

Патувањето доаѓа во момент кога Владата е опфатена со мешаница по оставката на советникот на Трамп за национална безбедност Мајкл Флин во понеделникот.

Флин, кој се залагаше за поблиски врски со Русија, се повлече откако се појавија извештаи дека разговарал со рускиот амбасадор за санкциите на САД против Москва. Уште пред оставката повиците на Трамп за затоплување на односите со Москва и пофалбите кон рускиот претседател Владимир Путин ги вознемиријакако американските конгресмени дома, така и сојузниците од НАТО.

Трамп го нарекува НАТО “остаток” и вели дека земјите членки не го плаќаат својот фер удел за американската одбрана.

Некои европски престолнини го пречекаа заминувањето на Флин со олеснување. Некои вработени во Европа го сметаа за еден од водечките застапници за поблиски врски со Русија во владата на Трамп и тврд противник на нуклеарниот договор од 2015 година меѓу Иран и западните сили.

Еден од стравувањата пред серијата важни избори во Европа е дека Белата куќа на Трамп може активно да го охрабри распадот на Европската унија, изјави за новинарите во Берлин претседателот на Минхенската конференција за безбедност Волфганг Ишингер. Ишингер вели дека се надева Пенс јасно ќе изјави дека целта на американската влада не е распадот на ЕУ.

Пенс може да не е во состојба да претстави многу детали за политиките на Трамп, имајќи ги предвид превирањата во неговиоттим, но да даде идеја за ставовите на Белата куќа пред самитот на НАТО во мај, на која претседателот ќе присуствува.

“Мислам дека од гледна точка на владата, тоа е можност да се прогласи надворешна и европска политика”, рече поранешниот амбасадор на САД во Русија и поранешен заменик-генерален секретар на НАТО Александар Вршбоу.

Реториката на Пенс за односите на Русија и Украина ќе бидат внимателно анализирани за да се види дали Трамп ќе биде подготвен да ги замени американските економски санкции, за да постигне други цели за безбедност, рече Вршбоу, кој сега работи во Атлантскиот совет.

Мешаните пораки на Трамп за НАТО ги збунуваат европските сојузници. “Во еден момент НАТО е остаток, во следниот момент тој сака НАТО. Во еден момент НАТО е пречка и не прави ништо за тероризмот, во следниот момент НАТО зазема централно место во глобалната борба”, рече пензионираниот адмирал од американскиот морнарица и поранешен врховен командант на Обединетите вооружени сили на НАТО во Европа, Џејмс Ставридис.

Пенс е вистинскиот човек кој ќе постави повеќе смирувачки тон, рече Ставридис, кој сега е декан на Факултетот “Флечер” по право и дипломатија на Универзитетот “Тафтс”. “Поради својата природа: тој е мирен, избалансиран, внимателно ги разгледува работите и користи се со почит од двете главни партии во САД”, изјави во интервју Ставридис.

По заминувањето на Флин европски службеници рекоа дека се надеваат дека Пенс, министерот за одбрана Џејмс Матис и државниот секретар Рекс Тиларсон да станат водечките играчи во надворешната политика на Трамп. Но тоа останува отворено прашање.

Тиларсон исто така е во Европа оваа недела за средба на земјите од Г-20 во Бон, а Матис го посети НАТО и ги предупреди сојузниците дека треба да ги почитуваат ветувањата за воените трошоци.

Американскиот министер за внатрешна безбедност Џон Кели исто така присуствува на Минхенската конференција за безбедност, а додека е во Германија, ќе учествува во билатерални средби со свои странски колеги.

Слични содржини