Младо момче прободено во срцето во центарот на Скопје

од desk2

Ноќеска пред полноќ во близина на старата скопска чаршија младо момче е најдено прободено со ноќ во пределот на срцето. Повредениот е однесен на Клиника и се наоѓа во животна опасност.


Како што соопшти полицијата, во понеделник вечерта во 23.30 часот пред угостителски објект во близина на споменикот на „Скендер бег“ во Скопје, непознати лица со остар предмет (најверојатно нож) му нанеле убодна рана во пределот на срцето на М.Б. (24) од село Грчец, скопско.

Истиот бил пренесен во Клинички центар Скопје, каде му била укажана лекарска помош и се наоѓа во животна опасност. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Слични содржини