И денеска се бојкотира и денеска нејасно кој каде  ќе биде во кампот во холот или во училница. МОН не попушта , уште помалку пленумот на средношколците. Петта недела  е како се бојкотира наставата, од страна на средошкоците.  Вчера му ги фрлија униформите на министерот , денеска попладне тие повторно излегуваат на улицата , пред МОН,  и бараат да ги слушне и види

сп

“Денеска го реализираме вториот ден од протестот. Ова е четвртти протест по трите последователни протестни марша кои беа организирани последниве месеци. Ние неколку пати потенциравме, ќе порачаме уште еднаш дека нема да отстапиме од нашите барања. Тоа што и по пет неделен бојкот на наставата и две недели откако ги поставивме шаторите пред ресорното министерство покажува дека нема компромис меѓу двете страни, туку еднострано терање на инает. Од надлежните зависи дали и кога ќе си ја признаат грешката и сериозно ќе се зафатат со разгледување на нашите аргументирани барања поткрепени со анализи и решенија”-велат од Средношколскиот пленум.

 

Средношколците  вчера ги фрлија  униформите пред Министерството и  порачаа дека одбиваат  да бидат  експериментални глувци на министри “НЕСПОСОБНИ” да си ја вршат својата работа.

“Доколку во континуитет не се  посетува настава според законот за средно образование може да се изгуби статусот  на редовен ученик и да има казна за родителите. Искрено се надеваме дека нема да дојде до ова, последниот рок е следната недела. Ние не сакаме да губиме настава, ниту пак нашата намера е да отсуствуваме од часови. Нашата борба е чиста, неполитизирана и аргументирана. Лошите образовни реформи и последиците од нив   се мотив за незадоволство кај средношколците. Токму затоа матурантите останаа во ова докрај со своите соученици” -велат од Средношколскиот пленум.

 

 

Слични содржини