Планот на канцеларката на Германија Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд за решавање на кризата во источна Украина не  ги заменува Минск аранжманите, туку е повикан да стане “патоказ” за нивно реализирање,  пишува денеска францускиот весник “Монд”.

Не треба предлозите на Оланд и Меркел да се претворат во документ кој ги заменува Минск протоколите, туку само е “патоказ”,  наменета да им помогне во спроведувањето на различни точки од овие аранжмани, наведува весникот.

“Монд” сепак признава дека никогаш досега Минск аранжмани не биле толку далечен хоризонт како денес, и нагласува дека Киев повеќе стравува да не му наметнуваат “лош мир”, отколку што ќе му биде потребно да продолжи со воените дејствија.

Слични содржини