Москва и се закани на МАКЕДОНИЈА, МНР возврати- ја штитиме нашата безбедност!

од Vladimir Zorba

 Македонската страна ќе ги носи последиците од протерувањето на рускиот дипломат, објави вечерва руската амбасада во Македонија на Твитер, по одлуката на македонското Министерство за надворешни работи да протера еден руски дипломат поради случајот Скрипал.

– Владата донесе одлука да протера руски дипломат. Целосна одговорност за последиците од оваа провокација и исклучително непријателски чин без преседан во руско-македонските односи ќе ја носи македонската страна, објави руската амбасада на Твитер.

Одлуката на македонското МНР, како што претходно беше соопштено, е донесна по консултации со сојузници и партнери од ЕУ и НАТО. Министерот  за надворешни работи Никола Димитров на заканите возврати:

„ Денеска ги известивме руските власти за нашата одлука да протераме еден руски дипломат, во тесна консултација со нашите партнери и сојузници, во целосна солидарност со Велика Британија, како и да ги заштитиме сопствените безбедносни интереси на Македонија“.

 

Руското поведение ја турка Македонија во сојузот со другите западни демократии и Македонија мора да земе страна, изјави првиот министер за надворешни работи на Република Македонија, професор Денко Малески, во јавување во емисијата „Ноќно студио“ на ТВ Телма.

– Добро е што македонската политика застанува рамо до рамо со Велика Британија, со Холандија, со Данска, со Шведска, со Белгија и сите други 15 земји членки на ЕУ. И кажува дека ние сакаме да бидеме дел од демократиите. Проблемот што Русија го има со големите партнери не може да го решава преку грбот на мали држави, како што е Македонија, изјави Малески.

Во однос на можните реакциите од Русија, Малески рече дека да се покажува сила врз една мала земја како Македонија е надвор од разумот.

– Ова е голема игра што се одвива на меѓународната сцена, каде што влоговите се многу поголеми од значењето на Македонија. Македонија мора да земе страна. Практично руското поведение ја турка Македонија во сојузот со другите западни демократии, изјави Малески.

Посочи дека очигледно Русија нема така силен интерес за Македонија, туку со нејзината политика има завладејано она што било карактеристично во Студената војна.

– Ако можам на другата страна да и расипам проект наречен ЕУ или НАТО, ќе го расипам, зошто тоа оди на штета на другата страна за да можам да преговарам за големите теми од кои што Западот многу често ја исклучува Русија, изјави Малески.

Зад труењето во Солсбери стојат САД и Обединетото Кралство, смета Москва

За случајот Скрипал од 14 земји членки на Европската унија ќе бидат протерани најмалку 30 руски дипломати, во глобална координирана акција како одговор за Москва поради случајот Скрипал.

Слични содржини