Мурињо шокира – ги обвини децата кои подаваа топки

од Vladimir Zorba

Специјалниот ја прекина долгогодишната практика на Манчестер Јунајтед
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо го  излеа гневот од нерешеното  1: 1 против Ливерпул од претходниот круг на тие  кои играа, информира “Дејли Мирор”.

Специјалниот процени дека момчињата и девојчињата не биле доволно брзи при подавање на топката кон играчите. Според него, тоа влијаело врз  тимот .

Затоа Мурињо нареди да се прекине долгогодишната практика на Манчестер Јунајтед да бира момчиња и девојки да подаваат топки на натпреварите преку посебна фондација.

Од овој  момент топки за време на натпреварите на “црвените ѓаволи” ќе бидат давани на играчите од таленти од клупската школа на Манчестер Јунајтед. Според Жозе Мурињо младите фудбалери подобро ја разбираат играта и нема даим пречат на ѕвездите на Јунајтед да ги  развиваат побрзо своите напади.

Слични содржини