Наим Бајрами од Алијанса за Албанците: Во влада би останале само под притисок на меѓународниот фактор, само до март, кога ќе бараат предвремени избори

од desk4

Алијанса за Албанците излегува од Владата, а тоа официјално ќе се потврди во недела, за кога партијата го закажа централното собрание, информира ТВ21.

Наим Бајрами од Алијанса за Албанците рече дека во влада би останале само под притисок на меѓународниот фактор, но како што рече, само до март, кога ќе бараат предвремени избори.

„Оваа работа е 100% завршена, ќе бидеме надвор од Владата. Иако има притисоци од меѓународниот фактор со цел да не дојде до тоа. Евентуално доколку меѓународниот фактор врши притисок ние ќе останеме, но нема да преземаме одговорност во министерствата. Не знам колку може да опстане оваа влада, можеби за одреден период но потоа да има предвремени избори“, вели Бајрами.

Оваа ситуација настана откако премиерот Зоран Заев го достави предлогот за министер за здравство до Собранието, а во тој документ не се најде името на Вулнет Ферати, чие име беше предлог од Алијанса за Албанците.

 

Слични содржини